Дома Фудбал Англија Тага во Англија: Почина легендарниот фудбалски коментатор

Тага во Англија: Почина легендарниот фудбалски коментатор

Aнглискиот фудбал денес остана без еден легендарниот коментатор, Џон Мотсон.

Славниот коментатор почина на 77-годишна возраст, мирно во сон. Мотсон имаше кариера која траеше повеќе од половина век, а известуваше од десет светски и исто толку европски првенство, присуствуваше на 29 финалиња во ФА Купот и уште над 200 други натпревари во Англиоја.

Веста за смртта ја потврди неговото семејство, а се огласи и директорот на „Би-Би-Си“, Тим Дејви.

„Џон Мотсон, беше гласот на една фудбалска генерација, не водеше низ многу пресврти и големи натпревари. Џон ги имаше вистинските зборови во вистинско време на најдобар начин да ги пренесе моментите во кои се радувавме или бевме разочарани.

Заслужено ќе остане запаметен како легендарна фигура во британското спортско емитување“, порача Дејви.

Oд Мотсон се простија и најголемите клубови на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Црвена Звезда потпиша важен договор за иднината на клубот

Црвена Звезда направи голем чекор за иднината на клубот со потпишување на договор со платф…