Дома Фудбал Останато Сцена која го обиколи Балканот: Гудељ се расплака, Ракитиќ воодушеви со гестот

Сцена која го обиколи Балканот: Гудељ се расплака, Ракитиќ воодушеви со гестот

Немања Гудељ и Иван Ракитиќ го привлекоа вниманието на прославата на Севиља по освоениот трофеј во Лигата на Европа.

Европскиот трофеј српскиот фудбалер го освои откако доживеа семејна трагедија. Неговата девојка Анастасија го загуби бебето, па секако дека не му беше лесно. Исто така пред нешто повеќе од два месеци неговиот брат Драгиша на натпреварот од шпанската лига се сруши на терен, па докторите му го спасуваа животот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На прославата Гудељ зборуваше за тешките моменти низ кои помина.

„Ова ми е најтешката година во животот. Го изгубив братот на три минути. Изгубив бебе…“, тогаш Гудељ се расплака.

До него во тие моменти дојде Иван Ракитиќ кој го прегрна да му даде поддршка.

„Во тешките моменти не помина ниту минута, ниту секунда да не ја почувствував вашата поддршка“, одговори Гудељ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…