Италијанските медиуми открија дека шпанскиот интернационалец Сусо имал состанок со раководството на Милан и за време на средбата ги информирал дека сакал да биде продаден за време на зимскиот преоден рок.
Сусо оваа сезона се вклупи во „сивилото“ на Милан и не игра во добра форма, па беше мета на критики од навивачите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со пристигнувањето на Ибрахимивиќ и промената на формацијата Сусо се пресели на клупата за резерви, па самиот побара да ја промени средината.
Милан е спремен да го продаде и нема да му стои на патот, а со оглед на фактот дека неговата цена падна, „росонерите“ се спремни да го пуштат доколку пристигне понуда од 25 милиони евра.
Неговиот агент, Мино Раиола веќе преговара со заинтересираните клубови, а тоа се Валенсија, Атлетико Мадрид и Севиља.
Се очекува овие клубови наскоро да испратат понуда до Милан, па доколку ги задоволат финансиските апетите на „росонерите“ Сусо ќе се врати во Шпанија до крајот на месецот.