Дома Фудбал Англија Суперлига или УЕФА? И Арсенал избра страна!

Суперлига или УЕФА? И Арсенал избра страна!

Фудбалскиот клуб Арсенал денеска соопшти дека ставот за европската суперлига не е променет и истакна дека клубот ќе продолжи да игра во натпреварувањата под покровителство на Европската фудбалска унија (УЕФА).

„Нашиот став во однос на Европската Суперлига не е променет. Ќе продолжиме да играме во натпреварувањата на УЕФА и ќе продолжиме да соработуваме со другите европски клубови и Европската клупска асоцијација (ЕЦА)“, се вели во соопштението на Арсенал.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Европскиот суд на правдата вчера пресуди дека прописите на Европската фудбалска унија (УЕФА) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) кои им забрануваат на клубовите да влезат во Супер лигата се незаконски.

Случајот беше сослушан минатата година пред Европскиот суд на правдата, откако Суперлигата пропадна помалку од 48 часа по нејзиното лансирање во април 2021 година, по остри критики од навивачите, јавноста и бројни клубови.

Европската Суперлига е проект инициран од 12 клуба, но девет клуба, меѓу кои и Арсенал, веднаш го напуштија натпреварувањето поради критиките на јавноста.

Арсенал беше еден од шесте клубови од Премиер лигата кои го поддржаа проектот Суперлига во 2021 година. Четири од тие шест клуба – Тотенхем, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челзи – вчера објавија дека остануваат посветени на натпреварувањата на УЕФА.

На таа позиција денеска се приклучи и Арсенал, а единствениот клуб кој се уште не се огласил е Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…