Дома Фудбал Италија Суперкупот на Италија и официјално во Саудиска Арабија: За првпат ќе играат четири екипи

Суперкупот на Италија и официјално во Саудиска Арабија: За првпат ќе играат четири екипи

Фудбалскиот Суперкуп на Италија и официјално ќе се игрра во јануари во Ријад, а овој ќе биде посебен затоа што за првпат во него ќе учествуваат четири екипи.

Италијанската федерација овој Суперкуп ќе го организира вовид фајнл-фор во кој ќе учествува шампионот Наполи, вицешампиониот Лацио, освојувојувачот на купот Интер и финалистот Фиорентина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Турнирот ќе започне со првото полуфинел на 18-ти јануари, додека еден ден подоцна во второто ќе се соочат Интер и Лацио. Финалето ќе се игра на 22-ри јануари.

Првпат Суперкупот на Италија во Саудиска Арабија се играше во 2018 година, претходно беше организиран во Либија во 2002, САД (2003), Кина (2009, 2011, 2012, 2015) и Катар (2016).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид подготвувал спектакуларна размена со Арсенал – познато кои фудбалери биле вклучени

Реал планираше да размени играчи со Арсенал. Бразилскиот напаѓач Родриго (24) ќе заминеше …