Дома Фудбал Англија Суперкомпјутерот прогнозираше кој ќе ја освои Премиер лигата

Суперкомпјутерот прогнозираше кој ќе ја освои Премиер лигата

Фудбалскиот свет е во исчекување на почетокот на Премиер лигата која стартува утре со натпреварот на Барнли и Манчестер Сити.

На еден ден пред почетокот на сезоната се направи и популарната пресметка со вештачката интелегенција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доколку се суди по вештачката интелигенција, тоа ќе биде сезона за заборав за два гиганти. Имено, доколку се оствари прогнозата на „Суперкомпјутерот“, Челзи повторно ќе остане без пласман во европските клупски натпреварувања, додека Манчестер јунајтед ќе мора да се задоволи со петтото место.

На врвот нема промени, Манчестер сити треба убедливо да ја освои титулата, додека Арсенал повторно е на второто место.

Њукасл продолжува со својот амбициозен проект, „Суперкомпјутерот“ го предвиде третото место, а на Ливерпул му предвидува четврто место и враќање во Лигата на шампионите.

Брајтон и Брентфорд повторно би требало да бидат две изненадувања, Тотенхем разочарување, додека во Чемпионшип ќе се вратат Лутон Таун, Борнмут и Шефилд јунајтед, а Барнли ќе опстане по влезот во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…