Дома Фудбал Англија Суперкомпјутерот повторно во акција – ја предвиде конечната табела во Премиер лигата

Суперкомпјутерот повторно во акција – ја предвиде конечната табела во Премиер лигата

Англиските медиуми со години користат услуги за вештачка интелигенција за да го предвидат исходот на сезоната. Така е и годинава, а според нив Манчестер Сити повторно ќе биде на врвот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Суперкомпјутерот уште еднаш доби задача да ја прогнозира оваа сезона во англиската Премиер лига и ако се суди според резултатите, нема да има многу изненадувања.

Манчестер Сити треба повторно да биде на врвот во Премиер лигата, а Ливерпул, Арсенал и Тотенхем имаат најголеми процентуални шанси да играат во Лигата на шампионите, односно да завршат меѓу првите четири екипи.

Вештачката интелигенција тврди дека актуелниот шампион Манчестер Сити има неверојатни 99,93 проценти шанси повторно да се најде во Лигата на шампионите, а како „извесни“ се означени Ливерпул (91,11%) и Арсенал (82,43%).

Интересно што на тимот на Челзи не му се даваат речиси никакви шанси за пласман во Лигата на шампионите. „Сините“ имаат само малку над два отсто шанси да завршат во елитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ја прекинува потрагата по нов играч за врска

Управата на Реал Мадрид одлучила да ја прекине потрагата по нов играч од средниот ред, отк…