Арбитражниот спортски суд во Лозана делумно ја прифати жалбата на руската тенисерка Марија Шарапова и ја намали суспензијата од две години на 15 месеци.
Меѓународната тениска федерација ја казни Шарапова бидејќи беше позитивна на мелдониум на допинг контролата за време на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во образложението на одлуката, Судот наведува дека „Шарапова сноси дел од одговорноста“ за користење на лекот за срце, кој официјално беше забранет на 1 јануари оваа година, заради што суспензијата не можеше да биде укината, туку само намалена.
По денешната одлука, Шарапова ќе може да се врати на тениските терени на 26 април следната година.