Дома Фудбал Лига на шампиони Aко ВАР вака се користи подобро да го нема! (ФОТО+ВИДЕО)

Aко ВАР вака се користи подобро да го нема! (ФОТО+ВИДЕО)

Новата сезона во Лигата на шампионите донесе и користење на ВАР технологијата од самиот почеток на натпреварувањето.

Меѓутоа воведувањето на ВАР не им помогна премногу на судиите кои и покрај можноста да ја прегледаат снимката имаа навистина големи пропусти во неколку натпревари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ЦРВЕН КАРТОН ВО ЛОНДОН

Првата грешка ја направи искусниот турски судија Чакир. Во натпреварот помеѓу Челзи и Валенсија беше виден навистина груб старт на Франсис Кокелан над играчот за врска на Челзи Мејсон Маунт, а за овој старт Кокелан доби само жолт картон.

Чакир ја гледаше снимката и навистина не е јасно зошто Кокелан не беше исклучен.

ПЕНАЛОТ ВО ДОРТМУНД

Втората ситуација која привлече внимание е пеналот на натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Барселона.

Романскиот судија Овидиу Хатеган досуди пенал, но потоа не го повтори истиот иако Тер Штеген при шутот на Марко Ројс не стоеше на линијата.

ПЕНАЛ ВО НЕАПОЛ КОЈ НЕ ПОСТОЕШЕ

Третата спорна ситуација се случи во Неапол. Наполи во 82-та минута поведе против Ливерпул од пенал кој не постоеше.

Робертсон според мислењето на судијата Феликс Брих го собори Каљехон, меѓутоа после повторената снимка се забележува дека контакт не постоеше и ова беше уште една голема грешка на судиите.

ВАР изгледа вчера беше на „спиење“…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…