Луис Суарез на крајот на минатата сезона го напушти Атлетико Мадрид и одлучи да се врати во Уругвај во дресот на Национал.
Еден од најдобрите напаѓачи во светот е дете на овој клуб, но уште пред 16 години го напушти преминувајќи во Гронинген, а подоцна остави голема трага во Ајакс, Ливерпул и Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред две години како слободен играч Суарез ја напушти Барселона и се пшресел иво Атлетико каде што го водеше овој тим до шампионската титула и тоа беше доказ дека имаше уште што да понуди на највисоко ниво.
Меѓутоа откако на крајот на минатата сезона му истече договорот Атлетико одлучи да не ја продолжи соработката. Имаше повеќе понуди Суарез, а ја избра онаа од Национал.
Сега уругвајските медиуми пренесуваат дека Суарез не е премногу задоволен во Национал и верува дека има уште некоја сезона на високо ниво. Наводно тој е спремен да го раскине договорот кој му истекува на крајот од годината и на крајот на наредниот месец да побара нов клуб надвор од Уругвај.