Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга ги пушти во продажба билетите за плеј-офот од Конференциската лига

Струга ги пушти во продажба билетите за плеј-офот од Конференциската лига

Македонскиот шампион Струга Трим Лум за првпат во својата историја ќе игра плеј-оф натпревар за влез во групната фаза на едно европско натпреварување.

Стружани ги дели само една пречка за влез од групната фаза од Конференциската лига и тоа Брејдаблик од Исланд, а денес се пуштени во продажба билетите за првиот натпревар од двомечот кој се игра во Охрид.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Струга ќе ги пречека Исланѓаните на стадионот „Билјанини Извори“, додека влезниците се продаваат по цена од 300 денари.

Натпреварот се игра в четврток во терминот од 17:00 часот. Билети може да се купуваат и онлајн преку продажбата мрежа на „Мктикетс“ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…