Дома Фудбал Страотни сцени: Сопругата на Валверде со дете во раце бега од хаосот на трибината

Страотни сцени: Сопругата на Валверде со дете во раце бега од хаосот на трибината

НЕВЕРОЈАТНИ сцени го одбележаа полуфиналето на Копа Америка, во кое Колумбија го победи Уругвај со 1-0 и се пласира во финалето каде за противник ќе ја има Аргентина.

Сепак, по натпреварот никој не зборуваше за фудбал, туку за невиденото дивјаштво кое следуваше на трибините.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Семејствата на играчите на Уругвај беа на трибините опкружени со навивачи на Колумбија. По натпреварот Дарвин Нуњез, напаѓачот на Уругвај и Ливерпул забележал дека Колумбијците физички ги напаѓаат членовите на неговото семејство, меѓу кои и малите деца. Веднаш се качи на трибината и таму со тупаници преку десетици колумбиски навивачи се проби до своите најблиски.

Набрзо му се придружија и други уругвајски фудбалери, кои исто така мораа да се тепаат со ривалските навивачи за да ги заштитат своите семејства.

Сега се појави уште една таква снимка. На неа се гледа како Мина Бонино, сопругата на Феде Валверде, бега со дете во раце за да се спаси од хаосот што владееше на трибината. Бонино со асот на Реал и Уругвај има два сина. Едниот има 4 години, а другиот само што наполни една година. Нејасно е со кого бега од трибината додека таму беснее масовна тепачка и летаат тупаници и чаши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФОТО Еве како изгледа табелата по првите три одиграни кола во ЛШ

Со синоќешните дуели се комплетираше третото коло од новиот формат во Лигата на шампионите…