Репрезентацијата на Македонија денес го одигра натпреварот од Лигата на Нации против Естонија.
Селекторот Игор Ангеловски стартуваше со изменет состав за денешниот дуел. Но и во таков стостав одигравме колку што е потребно за да ја победиме Естонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На почетокот на мечот не видовме многу шанси, сепак ние стигнавме до водство во 29. минута со голот на Тричковски кој одлично реагираше по еден непрецизен шут. Веднаш по голот Тричко промаши и 100% шанса за водство.
— Stefan (@StefanDaskalov) November 15, 2020
Со водство од 1:0 заминавме на полувремето.
После седум минути игра во второто полувреме Естонците искористија една грешка на Дарко Велковски и го изедначија резултатот. Сапинен во таа ситуација го лобуваше Шишковски.
— Stefan (@StefanDaskalov) November 15, 2020
По тој гол на Естонија, Македонија започна да игра многу добро. Почнавме да создаваме прилики пред голот на Естонија. Николов излезе еден на еден со голманот Хеин меѓутоа шутираше лошо над голот. Веднаш по таа прилика на Николов, Влатко Стојановски искористи едно маестрално нафрлување од Елмас и погоди за наше водство од 2:1.
— Stefan (@StefanDaskalov) November 15, 2020
До крајот на натпреварот ние создадовме уште неколку прилики, меѓутоа резултатот не се промени. Сега по овој триумд во Никозија против Ерменија сами ќе решаваме за првата позиција во групата.