Дома Останати Ракомет Стоилов: ЕХФ бездушно не казни, не се свесни каква е ситуацијата во клубот!

Стоилов: ЕХФ бездушно не казни, не се свесни каква е ситуацијата во клубот!

На денешната прес-конференција покрај претседателот Михајловски присуствуваше и капитенот Стојанче Стоилов.

Стоилов призна дека ситуацијата во која се наоѓа Вардар е тешка, но најави дека во никој случај нема да се откажат.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Многу сум разочаран од одлуката на ЕХФ, мислам дека не се свесни каква е ситуацијата кај нас во клубот. Бездушно не казнија кога тие долгови беа на крајот, кога клубот застана на некои нозе, обезбеди засилувања, освои двојна круна…Одлуката сигурно не врати некоја година наназад. Не сакаме да нагаѓаме, но и претходно имаа повеќе можности да не казнат, а сега дојде оваа одлука кога се беше пред крајот… Сепак, ние сме тука и ќе продолжиме. Се надевам дека Михајло ќе остане со нас, нормално е да сака помирен живот. Дојде да го спаси Вардар, тој не е доспасен“.

„Не беше одамна кога освоивме титула, не може Вардар така да згасне. Јас сум ги слушал тие муабети кога се ветувала помош. Нула има од таа помош ветена. Тешка е ситуацијата секаде, пандемија, војна…Не е така лесно, но како што кажа и Михајло, не мора се, но барем дел. Тоа е тоа, таква е одлуката не играме ЛШ. Со играчите кои е реално да останат одиме по нова двојна круна до која ќе биде многу тешко да стигнеме, Еурофарм има силен тим кој многу го почитуваме и ни беше конкурент каков што долго сме немале во Македонија“, изјави Стоилов.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…