Стипе Перица кариерата ќе ја продолжи во Вотфорд што значи дека ќе игра во Чемпионшип.
Тимот на Удинезе официјално потврди дека го продал Перица на Вотфорд откако во претходните сезони го испраќаше на неколку позајмици.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Удинезе го доведе Перица од Челзи во 2016 година за 4.5 милони евра, меѓутоа тој не успеа да се снајде на Фриули. Италијанскиот тим го испраќаше на позајмици во Фросиноне, Кашимпаша и Мускрон.
Сега некогаш големиот талент во хрватскиот фудбал повторно ќе игра во Англија. Инаку 25 годишниот напаѓач три години беше член на Челзи, но на „Стенфорд Бриџ“ не доби шанса.