Дома Фудбал Англија Стигна потврда: Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед

Стигна потврда: Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед

Спортинг Лисабон официјално потврди дека Манчестер Јунајтед ќе ја плати ослободителната клаузула во договорот на Рубен Аморим, која изнесува 10 милиони евра.

Португалецот на клупата на „црвените ѓаволи“ ќе го наследи Холанѓанецот Ерик тен Хаг, кој доби отказ по поразот од Вест Хем.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Аморим ќе се пресели во премиерлигашот за сума од 10 милиони евра, колку што Јунајтед се согласи да му плати на Спортинг.

„Ѓаволите“ утре ќе се соочат против Лестер во Карабао Купот, а на кормилото ќе биде Руд Ван Нистелрој.

Наскоро се чека официјална потврда за назначувањето на Аморим, кој треба да го води тимот следниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…