Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во центарот на вниманието со објавата на неговиот Инстаграм профил околу статусот во тимот на Наполи.
Елмас очигледно не е задоволен со ситуацијата во која натпреварите ги започнува само од клупата за резерви, па се огласи на Инстаграм со објава на која стоеше „Мојата прва љубов – клупата“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Одговорот до македонскиот репрезентативец стигна по натпреварот кој Наполи вчера го доби со Болоња 3:2.
„Резервистите во второто полувреме и денес го сменија резултатот. Фактот да не се игра од почетокот може да биде поважен од стартот од почетокот посебно ако ги решавате натпреварите и не се пазарите“, изјави Спалети.
Инаку резервистите на Наполи сезонава постигнале седум гола и тоа е повеќе од било кој друг тим во најсилните првенства во Европа. Елмас од почетокот на сезоната има само два старта против Лече и Специја и еден постигнат гол во Серија А.