Дома Трансфер зона Стив Манданда заминува од Олимпик Марсеј!

Стив Манданда заминува од Олимпик Марсеј!

Искусниот француски голман и една од легендите на Олимпик Марсеј, Стив Манданда е пред трансфер во Рен.

После помалку од една недела откако замина Хорхе Сампаоли, навивачите на Марсеј ќе мораат да се помират со заминувањето на еден од нивните миленици. Манданда кој има 37 години ќе го напушти „Велодром“ по вторпат во кариерата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За разлика од претходниот пат сега нема да ја менува земјата. Тогаш во 2016 година потпиша за Кристал Палас каде што не се снајде и брзо се врати дома.

Манданда е една од легендите на овој клуб каде што играше дури 14 години. Дојде од Авр во 2007 година на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…