Дома Топ вести Стерлинг флертува со Реал Мадрид

Стерлинг флертува со Реал Мадрид

Една од големите ѕвезди на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Англичанецот проговори за можниот трансфер и го нарече Реал Мадрид „фантастичен клуб“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англичанецот има договор со Манчестер Сити до 2023 година, а медиумите шпекулираат дека „граѓаните“ сакаат да му понудат нов договор со кој би станал еден од најплатените играчи на светот.

Меѓутоа, поради новонастанатата ситуација Стерлинг е спремен да го одбие новиот договор и да ја промени средината.

„Во моментов сум во Сити и вистински сум среќен, но можам да кажам дека Реал Мадрид е фантастичен клуб. Кога ќе го видите белиот дрес веднаш знаете за што станува збор. Меѓутоа, имам договор со Сити и морам да го респектирам“, изјави Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…