Сезоната во италијанската Серија А беше завршена на драматичен начин со борбата за Лигата на шампионите и опстанокот.
Прашањето за шампионот на Италија беше од поодамна решено, Јувентус по осми пат во низа стигна до шампионската титула. Меѓутоа до самиот крај гледавме борба за местата кои водат во Лигата на шампионите, а се решаваше и кој ќе биде последниот патник во понизок ранг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Откако сезоната заврши започнаа разни анализи на годината која е зад нас. Така популарната страница „Опта Паоло“ ги објави најдобрите 11 во Серија А според статистичките податоци.
„Опта Паоло“ секоја сезона го објавува најдобриот тим во Серија А, а нивниот избор се базира исклучиво на статистиката која ја имале играчите во сезоната.
Најизненадувачки е што во овој тим нема место за Роналдо (МВП на сезоната) и Кваљарела (најдобар стрелец). Од „Опта’ објаснија дека тука се само играчите кои на своите позиции имале најдобри статистички податоци.