Дома Останати Авто Мото Стартуваше – Ферари во Мелбурн до победа!

Стартуваше – Ферари во Мелбурн до победа!

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел денес стартуваше со победа во првата трка на овогодинешниот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Фетел втор пат во низа победи на „Алберт парк“, а вкупно трет пат во кариерата на оваа патека.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Фетел победи благодарение на доброто возење, но и добрата стратегија бидејќи во боксот влезе додека виртуелното возило за безбедност се појави на стазата. Од боксот излезе пред Хамилтон, ја задржа предноста и стигна до 48 победа во кариерата.

Третото место му припадна на Кими Раиконен од Ферари, пред Даниеле Рикардо од Ред Бул и Фернандо Алонсо од Мекларен. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен заврши на шестата позиција, а седми беше Нико Хулнкенберг од Рено. Бодови освоија уште Валтери Ботас од Мерцедес, Стофел Вандорн од Мекларен и возачот на Рено Карлос Саинц.

Наредната трка во шампионатот на програмата е на 8 април за Големата награда на Бахреин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Дончиќ блесна, Лејкерс го декласира Денвер

Лука Дончиќ ја одигра убедливо најдобрата партија во дресот на Лејкерс, а тоа резултираше …