Дома Трансфер зона Од Париз на „Чизмата“ пристигнува понуда од 80 милиони евра?

Од Париз на „Чизмата“ пристигнува понуда од 80 милиони евра?

Наполитанците често пати знаат да извлечат голема сума од потенцијалните купувачи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пари Сен Жермен имаат намера да потрошат голема сума во зимскиот преоден рок.

И покрај заканите од УЕФА дека би можеле да бидат казнети, наводно се спремни да издвојат дури 80 милиони евра за ангажман на нов фудбалер.

Во прашање е фудбалерот на Наполи кој оваа година се истакна како еден од најдобрите играчи на својот тим под водство на Карло Анчелоти, а неодамна стана и репрезентативец на Бразил.

ПСЖ и претходно се поврзуваше со Алан, но засега конкретни потези не видовме. Сега како што споменавме се најавува понуда од 80 милиони евра и прашање е дали Де Лаурентис истата ќе ја одбие.

Самиот фудбалер истакна дека ужива во Неапол, меѓутоа не ја отфрли можноста за промена на средината на крајот од сезоната.

https://www.youtube.com/watch?v=WK13vscTE6I

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…