Дома Фудбал Англија Челзи купува играч од 64 милиони евра, а Сари за тоа – ништо не знае!?

Челзи купува играч од 64 милиони евра, а Сари за тоа – ништо не знае!?

sari

Челзи вчера го обезбеди потписот на Кристијан Пулишиќ за сума од 64 милиони евра, тој ќе остане на позајмица во Борусија Дортмунд до крајот на сезоната, а по овој трансфер со зачудувачка изјава во јавноста излезе Маурицио Сари.

Како што самиот тренер на Челзи истакна тој не знаел ништо за трансферот на Американецот, што практично значи дека „сините“ му работат зад грб на Италијанецот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сари истакна дека само го прашале за мислење пред еден месец, но ништо повеќе од тоа.

„Не знаев ништо за трансферот на Пулишиќ. Клубот ме праша за мислење пред еден месец. Го оценив како позитивен играч, а потоа вчера како и вие дознав дека трансферот е реализиран“, порача Сари.

Она што е најмногу „паѓа во очи“ е сумата која е платена за неговите услуги и ретко некој да верува дека овој фудбалер вреди толку, тоа не можеше да го процени ниту Сари.

„Не знам ништо околу трансферот. Не сум задолжен за преодниот рок, па од таа страна потешко ми е да зборувам за зделката за Пулишиќ. Управата знае што мислам. Сметам дека потребен ни е играч со малку поинакви каракатеристики од оние кои ги имаме на располагање во овој момент“, заврши Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Човек кој чува овци не може да има авторитет врз судијата што ја оштети Звезда”

Фудбалерите на Црвена звезда беа поразени од тимот на Милан со 1-2, во рамките на шестото …