Клаудио Лотито минатото лето тврдолгаво ја држеше цената за Сергеј Милинковиќ Савиќ и инсистираше на сума од 150 милиони евра и очигледно погреши.
Савиќ од почетокот на оваа сезона не е истиот играч, но во последно време како да започна да ја враќа формата и постигна два погодоци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега, Милан повторно се поврзува со негов ангажман и наводно сака да го доведе во овој преоден рок.
Во текот на летото се зборуваше за понуда од 40 милиони евра за позајмица и можност (необврзано) за откуп за сума од уште 120 милиони евра. Лацио таквата понуда ја одби.
Сега Милан нуди обврзувачки откуп на договорот, но под други услови. Римски „Месаџеро“ пишува дека „росонерите“ нудат девет милиони евра за позајмица од шест месец со обврзувачки откуп на крајот од сезоната за 70 милиони евра.
Со тоа што парите Лацио би ги добил во три рати, што значи дека Лотито треба да биде трпелив, а историјата не научи дека тоа не му е силна страна.
Се споменува можност Милан во преговорите да го вклучи и Диего Лаксалт, опција која наводно му се допаднала на тренерот на Лацио, Симеоне Инзаги.
Сепак, Лотито и понатаму е за опцијата со Милинковиќ-Савиќ да го нападне местото кое наредната сезона води во Лигата на шампионите, па потоа на лето да види што ќе се случува.
https://www.youtube.com/watch?v=H8okcgP4kL8