Дома Кошарка Манреса го скрши малерот по две продолженија, Басконија веднаш зад Реал

Манреса го скрши малерот по две продолженија, Басконија веднаш зад Реал

Манреса го скрши малерот по две продолженија, Басконија веднаш зад Реал

Две продолженија и речиси три часа кошарка ѝ беа потребни на Манреса за конечно да се израдува во АЦБ. Во најдраматичниот дуел од саботната програма на седмото коло, домашниот тим го совлада Обрадоиро со 100-99 и ја прекина серијата од шест порази.

Џеј Ди Ноте беше главниот напаѓачки адут на Манреса со 33 поени, а Феран Басас придонесе со 21. На спротивната страна, Џоел Соријано постигна 30 поени, но Обрадоиро сепак ја напушти салата „Ноу Конгост“ со пораз и со биланс 3-4. Манреса сега има една победа и шест порази.

Басконија, пак, продолжува со многу подобри резултати во домашното првенство отколку во Евролигата. Тимот на Перасовиќ победи на гостувањето кај Љеида со 98-93 и со учинок 5-2 го зазеде второто место, зад Реал Мадрид. Во Евролигата нејзиниот биланс е 1-9.

Коби Симонс ја предводеше Басконија со 25 поени и шест асистенции, а Стефан Јоксимовиќ додаде 15 поени. За домаќините, ниту 29-те поени на Џејмс Бејтмон не беа доволни за победа.

Неизвесност имаше и во Жирона, каде домашниот состав го скрши отпорот на Билбао со 92-87. Мек Мекланг постигна 19 поени, Јасел Перез додаде 13, а Жирона стигна до четвртата победа во седум натпревари. Кај гостите се истакнаа Хилијард со 24 и Нејт Дарлинг со 21 поен.

Резултати од саботната програма:
Манреса – Обрадоиро 100-99
Жирона – Билбао 92-87
Љеида – Басконија 93-98

Колото продолжува в недела со натпреварите Барселона – Бреоган (12:00), Бургос – Валенсија (12:30), Тенерифе – Хувентуд (13:00), Сарагоса – Уникаха (17:00), Коруња – Андора (18:00) и Реал Мадрид – Мурсија (19:00).

Реал го дочекува својот натпревар со шест победи без пораз. Зад Басконија, со биланс 4-2 се Валенсија, Тенерифе, Бреоган, Сарагоса и Барселона.

Фото: Eurohoops

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Со 25 поени Димитријевиќ ја направи разликата за Арис на Лефкада

Ненад Димитријевиќ беше прв стрелец на Арис во гостинската победа над Лефкада со 88:77. Ма…