Селекторот Игор Ангеловски ги одреди првите 11 на кои ќе смета за вечерашната пресметка против Полска во Варшава.
Поради повредата на Аријан Адеми, сега местото ќе го пополни Бобан Николов, кој против Словенија играше како бек, а таа позиција ја преземеа Егзон Бејтулаи, кој се врати по суспензијата за жолти картони.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во нападот исто како што беше и против Словенците, најистурени Пандев и Несторовски, а ќе им помага Елмас.
Полска, пак, наместо најавената 4-4-2 со Пјонтек и Левандовски, ќе игра само со ѕвездата на Баерн во нападот.
