Дома Трансфер зона „Старата дама“ добива конкуренција и Баерн Минхен го сака незадоволниот од Манчестер

„Старата дама“ добива конкуренција и Баерн Минхен го сака незадоволниот од Манчестер

Веднаш по објавата дека Нико Ковач ќе седне на клупата на Баерн Минхен наредната сезона започнаа и шпекулациите за фудбалерите кои би можеле да пристигнат во Минхен.

Така Шпанците утрово објавија дека една од првите желби ќе биде неговиот сонародник од редовите на Барселона, Иван Ракитиќ. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Од друга страна пак Италијанците, поточно „Калчомеркато“ пишува дека Баерн Минхен ова лето би можел да тргне по потписот на Ентони Марсијал кој е подолго време се поврзуваше и со трансфер во Јувентус.

Треба да се истакне и дека Французинот неодамна одби да го продолжи договорот со „ѓаволите“.

Наводно, иако Рибери и Робен остануваат во Минхен и наредната сезона во Баерн сметаат дека е вистинско време да доведат „свежа крв“ во тимот.

Да потсетиме, Марсијал пред пристигнувањето во Манчестер Јунајтед во Монако играше најистурен во нападот, но на „Олд Трафорд“ Мурињо го користи на крилните позиции. Поради тоа се наведува и дека би можел да биде замена за Роберт Левандовски кој многу веројатно го напушта Минхен ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…