Граничната полиција и царниците во Србија си го одработија својот дел од работата и веројатно спречија нов „октомври 2014“ кога над стадион во Србија леташе дрон.
Официјална потврда сеуште нема, но не е исклучена можноста тројца Албанци кои биле упатени кон Србија да имаат намера да направат нов ицидент во Хумска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Припадниците на граничната полиција и цариниците на граничниот премин Прешево при рутинска контрола заплениле дрон кој го поседувале тројца Албанци. Покрај тоа тие не поседувале документација за истата направа.
Албанците се бранеле дека во Белград патуваат поради работни обврски, но српската полиција одлучила да не ги пушти да влезат во државата.
„Не сакаа да ни кажат за што им служи дронот, а имајќи предвид дека во Белград утре се игра натпревар од висок ризик помеѓу Партизан и Секндербег, одлучивме на албанските државјани да не им дозволиме влез во нашата држава. Освен тоа не ја поседуваа потребната документација за дронот“, соопштуваат од српската полиција.
Очигледно полицијата не сакала ништо да ризикува бидејќи сеуште во свежо сеќавање ни се сцените кои се случија на стадионот на Партизан кога се појави дрон со знаме на „голема Албанија“.
Во продолжение да се потсетиме на дел од ицидентите кои се случуваа кога на стадионот се појави дронот со знамето на „голема Албанија“.