Дома Останати Кошарка Србија немаше одговор за Шредер, Германија е светски шампион

Србија немаше одговор за Шредер, Германија е светски шампион

Германија за прв пат во својата историја дојде до златниот медал Светското првенство во кошарка, што изминатите недели се одржуваше во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Во големото финале Германците ја совладаа Србија со 83-77 и останаа со перфектен ефект цел турнир.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Србите се што правеа на овој шампионат срушија во третата четвртина која ја одиграа очајно постигнувајќи само десет поени. Натпреварот во првиот дел беше изедначен, на полувремето се замина со нерешени 47-47. Но третиот период беше оној кој го реши мечот, во него Германците беа подобри со 22-10.

На крајот Србија успеа да дојде до два негатива, но Шредер беше нерешлва енигма и Германија повторно се одлепи за конечна победа од 83-77.

Денис Шредер постигна 28 поени, а беше на висина на задачата во клучните моменти од натпреварот. Имаше голема помош и од Франц Фагнер со 19 поени. Кај Србија, Алекса Аврамовиќ постигна 21 поен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Снимка од апсењето на шампионот на НБА: Вие сте измамници, не смеете да се мешате со мене (Видео)

Поранешниот НБА играч Тони Ален, некогашен шампион со Бостон Селтикс, е уапсен неодамна во…