Србија беше блиску да приреди изненадување во баражот и со поразот по првиот натпревар да ја елиминира Шпанија, но не успеа.
Победија Србите на свој терен со 25:22, меѓутоа тоа не беше доволно за пласман на Мундијалот затоаш то на 8. мај во Шпанија беа поразени со 32:28. Во Србија посебно жалат затоа што имаа напад да победат со четири гола и тоа ќе значеше дека ќе се изведуваат седмерци кадеш то се ќе беше можно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Србија веднаш по натпреварот најавија дека ќе бараат вајлд-карта затоа што според прикажаното веруваат дека заслужиле да бидат помеѓу најдобрите светски селекции.
„Ракометарите со својата игра и со победата покажаа дека заслужуваат да бидат помеѓу најдобрите, а во такво нешто верува и Ракометниот сојуз на Србија. Поради тоа веднаш ќе испратиме барање за вајлд-карта до Светската ракометна федерација“, стои во соопштението.
Мундијалот ќе се одржува од 14. јануари до 2. февруари 2025 година во Данска, Норвешка и Хрватска.