Aлександар Јанковиќ, поранешниот тренер на Црвена Звезда ќе биде новиот селектор на Кина.
Фудбалскиот сојуз на оваа азиска земја потврди дека Јанковиќ е нивни нов селектор, а главната цел ќе биде да ги одведе на Светското првенство во 2026 година.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Јанковиќ се наоѓа во Кина од 2018 година и помина неколку селекции, прво беше ангажиран во У-19, па две години помина во У-20 тимот, а последните две години ги помина како селектор на У-23. Сега ја добива довербата да ја води и сениорската репрзентација.
Кина досега учествуваше само на Мундијалот во 2002 година. Претходно, Јанковиќ го очекува Азискиот куп кој ќе се одржи од 6-ти до 19-ти јули во Катар.
Првата самостојна работа Јанковиќ ја имаше во Звезда во 2007 година каде што претходно беше асистнет. Дебито на клупата на Кина ќе го има во Оукленд во пријателски натпревар против Нов Зеланд на 26-ти март.