Дома Останати Кошарка Србинот Ѓорѓевиќ нов селектор на Кина

Србинот Ѓорѓевиќ нов селектор на Кина

Александар Ѓорѓевиќ важи за еден од најдобрите српски тренери, а тој е и поранашен селектор на српската репрезентација. Сега седнува на клупата на Кина.

Утрово познатиот менаџер Мишко Ражњатовиќ објави дека договорот е постигнат. Новинската агенција „Сина“ ја дополни информацијата со тоа што откри детали од договорот. Ѓорѓевиќ според информациите ќе ја води Кина за плата од милион долари годишно.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ѓорѓевиќ без ангажман беше на крајот на минатата сезона кога си замина од Фенербахче. Србија ја водеше во периодот помеѓу 2013 и 2019 година и успеа да освои сребро на Олимписки игри, Евробаскет и Мундобаскет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Со патика го блокираше ривалот: Човекот кој „го претепа“ Јокиќ изведе неверојатен потег на натпревар (Видео)

Шокантен потег изведе кошаркарот на Оклахома Алекс Карузо на натпреварот против Орландо. О…