Србинот, Бобан Марјановиќ потпиша едногодишен договор со Хјустон и ќе продолжи да настапува за оваа франшиза.
Минатата година, Бобан беше дел од овој тим, а сега може да заработи скоро три милиони долари, а при потписот на договорот му се загарантирани 1.3 милиони долари.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Договорот на Марјановиќ со Хјустон истече на крајот од минатата сезона, меѓутоа сега се договори за нова едногодишна соработка.
Во текот на летото се шпекулираше дека Марјановиќ може да се врати во Европа, но тој одлучи да продолжи во НБА. На „Стариот континент“, Марјановиќ играше за Хемофарм, ЦСКА, Мега и Црвена Звезда.