Дома Видео Срамен потег: Рамос нападна фотограф по поразот од Баерн! 🎥

Срамен потег: Рамос нападна фотограф по поразот од Баерн! 🎥

Серхио Рамос во текот на кариерата повеќе пати покажал дека знае да ги загуби нервите, но последниот потег секако е срамен.

Баерн го победи ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето со 1:0, а во овој натпревар по натпреварот се коментира и еден потег на шпанскиот дефанзивец. Рамос е познат како пргав фудбалер, но не се наоѓал често во ситуации да не се однесува коректно кон луѓето кои не се негови противници.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но, таков однос имаше по вчерашниот пораз од Баерн. Фудбалерите на ПСЖ дојдоа до навивачите да ги поздрават, а нервозниот Рамос изгледаше како само да сака да се расправа.

Прво помести еден од фотографите, за потоа другиот да го турне. Можеби немаше доволно простор, но секако тоа не е оправдување за ваквиот гест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…