Дома Фудбал Останато Спречен скандал во Париз: Кантона се фатил за гуша со Нејмаровци

Спречен скандал во Париз: Кантона се фатил за гуша со Нејмаровци

Француските медиуми пренесуваат дека натпреварот помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед имал „трето полувреме“.многу тензично било во ВИП-ложата на „Паркот на принцовите“ по завршувањето на мечот.

„Светците“ во реваншот од осминафиналето доживеаа пораз на „Паркот на принцовите“ од Манчестер Јунајтед со 1:3 и така „црвените ѓаволи“ обезбедија место во четвртфиналето.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Моментот одлука на оваа средба се случи во четвртата минута од судиското продолжение. Словенскиот судија Дамир Скомина покажа на белата точка откако дефанзивецот на ПСЖ,Преснел Кимпембе играше со рака во шеснаесетникот.

Овој детал прилично го налути Нејмар кој не играше поради повреда. „РМЦ“ објави дека Нејмар тргнал да се пресметува со судиите. Бразилецот дошол пред просториите на судиите, но луѓето од ПСЖ го спречиле во намерата да направи скандал.

Овој медиум денес објави нови детали и откри дека за малку била избегната физичка пресметка помеѓу легендата на Манчестер Јунајтед Ерик Кантона и таткото на Нејмар.

После голот на Рашфорд, Кантона бурно прославувал на трибините и упатил грозни гестикулации во ложата кон таткото на Нејмар и неговото окружување, па дури се слушнале и пцовки.

Нејмар Сениор бесен тргнал кон Кантона и неговиот пријател за да се пресмета, но за среќа обезбедувањето реагирало на време и спречило голем скандал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ го сака Рашфорд, му нуди трампа на Јунајтед

Луис Енрике сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е ѕвездата на …