Барселона е лидер во Примера, а како што пренесува каталонски „Спорт“ овој клуб би можел да се ослободи петмина фудбалери.
Тренерот Ернесто Валверде смета дека во продолжение од сезоната некои фудбалери и нема да му бидат толку потребни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот кој сигурно заминува е Хавиер Маскерано, ветеранот на Барселона кој наводно веќе го договорил својот трансфер во Кина, но таму ќе премине на крајот од преодниот рок со цел да и помогне на Барселона која има проблеми со одбраната.
Арда Туран оваа сезона не одигра ниту една минута, а има понуди од Бешикташ и Галатасарај за враќање во татковината.
Рафиња бара минутажа со цел да се избори за место во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство, за него интерес покажа Селта каде што претходно настапуваше како позајмен фудбалер.
Алеш Видал веќе подолго време е на трансфер листата, но новото име кое се најде тука Жерар Делофеу кој не успеа да се наметне по враќањето на Барселона. Тој би можел повторно во Милано, но овој пат не во дресот на Милан, туку во редовите на Интер.
Парите од нивната заработка Барселона би ги вложила во Фелипе Кутињо. Ливерпул за неговите услуги бара 150 милиони евра, како и во Антоан Гризман кој Каталонците ќе се обидат да го доведат наредното лето за 100 милиони евра.
SPORT:
‣ Rafinha – Him get offer from Celta to finish the season on loan
‣ Deulofeu – Inter wan buy am on loan for 1.5 years
‣ Vidal – Him get plenty offers
‣ Arda – negotiations still dey go on but no team fit pay him salary
‣ Mascherano – he go leave by mid January pic.twitter.com/11I0K7ViFr— Barcelona In Pidign (@BarcelonaPidgin) December 29, 2017