Дома Македонски спорт Спировски: Едвај чекаме да дојде ЕП, со малку среќа можеме да ја поминеме групата

Спировски: Едвај чекаме да дојде ЕП, со малку среќа можеме да ја поминеме групата

Играчот за врска од македонската репрезнетација Стефан Спировски порача дека не се чувствува некој поголем притисок пред дебито на црвено-жолтите на Европското првенство.

Сите со нетрпение чекаме да почне Европското првенство на кое за првпат ќе имаме можност да ја гледаме Македонија на еден голем турнир.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ова ќе биде наш прв голем настан и со нетрпение чекаме да почне. Ние веруваме во себе и спремни сме да ја израдуваме нацијата“.

Посочува дека еуфоријата е минато, сега се посветени на работата за да се постигне добар резултат.

„Се стремиме кон нови цели, еугоријата е минато. Имаме доволно време до почетокот и се надеваме дека ќе бидеме максимално спремни. Одиме чекор по чекор, а верувам дека со малку среќа можеме да ја поминеме групата. Лично јас немам трема, можеби е онаа позитивна трема затоа што сите чекаме да почнат натпреварите и да уживаме во нив. Чест ми е што сум дел од оваа селекција и што пет ипол години работам со селекторот. Ја претставуваме Македонија и имаме одговорност, меѓутоа јас мислам дека можеме повторно да донесеме радост“, порача Спировски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…