Жозе Мурињо веќе има составено листа на желби за овој преоден рок.
Напаѓачите се во преден план, а од нив на неа се наоѓаат, Антоан Гризман, Ромелу Лукаку и Андреа Белоти.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Гризман пред некој ден откри дека не сака да го предаде Атлетико и дека останува барем од јануарскиот преоден рок, Лукаку е во преговори со Челзи, па на крајот како опција за Мурињо останува фантастичниот напаѓач на Торино, Андреа Белоти.
Според „Тутоспорт“, Мурињо Белоти го следи веќе шест месеци, но дури сега Португалецот тргнува во офанзива. Познатиот португалски менаџер е во Италија и наводно го договара трансферот на Диего Коста во Милан, а Италијаните тврдат дека ќе “намине“ и до Торино на преговори со Андреа Белоти.
Манчестер Јунајтед спреми 80 милиони евра за 23 годишниот италијански репрезентативец. Белоти наводно во договорот има откупна клазула од 100 милиони евра, па тешко дека Италијанците ќе се согласат да го продадат за нешто пониска сума.
Белоти оваа сезона ја заврши со 28 погодоци и осум асистенции во 38 настапи за Торино.