Дома Останати Кошарка НБА Спектакуларна вечер на Лилард: Постигна 71 поен! 🎥

Спектакуларна вечер на Лилард: Постигна 71 поен! 🎥

Победата на Портланд над Хјустон од 131:114 помина во сенка феноменалниот плејмејкер на тимот од Орегон, Демијан Лилард.

Популарниот Дем уфрли дури 71 поен во тој натпревар и тоа е негов личен рекорд и рекорд на франшизата. Претходниот го држеше исто така тој со 61 постигнат поен. За два поени Лилард шутираше 9-16, а за три одлични 13-22, освен тоа имаше 14-14 од линијата за слободни фрлања, додаде уште шест скокови и асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Само една тројка го делеше од НБА рекордот на Клеј Томпсон со 14 постигнати тројки на еден натпревар. Стеф Кари и Зак Лавин се исто така на втората позиција со по 13 тројки на еде натпревар.

Никола Јокиќ стигна до уште еден трипл-дабл во победата на неговиот Денвер над Клиперс од 134:124. Јокиќ постигна 40 поени, а додаде уште 17 скокови и 10 асистенции. Каваи Ленард беше најдобар кај Клиперс со 33 постигнати поени.

Интересно беше на средбата помеѓу Далас и Лејкерс, а на крајот гостите славеа со 111:108. Лејкерси успеаа да се вратат од -27 и да дојдат до победата. Дејвис и Леброн во важните моменти го кренаа нивото на игра и заслужено славеа против тимот на Дончиќ и Ирвинг.

Дејвис стигна до дабл-дабл со 30 поени и 15 скокови, Леброн уфрли 26, исто толку имаше и Дончиќ, додека Ирвинг постигна 21 поен и запиша 11 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Милвоки – Феникс 104-101, Атланта – Бруклин 129-127, Чикаго – Вашингтон 102-82, Далас – ЛА Лејкерс 108-111, Кливленд – Торонто 118-93, Оклахома – Сакраменто 115-124, Голден стејт – Минесота 109-104, Портланд – Хјустон 131-114, Денвер – ЛА Клиперс 134-124.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…