Дома Фудбал Останато Спектакл во Супербоулот: Победникот се решаваше во последните секунди!

Спектакл во Супербоулот: Победникот се решаваше во последните секунди!

Патрик Махоумс беше предводникот на Канзас Сити Чифс до победата во спектакуларното финале на Супербоулот во кое Чифс беа подобри од Иглс со 38:35.

Двата тима одиграа натпревар со голема борба и низвесноста беше присутна до самиот крај. Такви беа и прогнозите, тешко беше да се издвои фаворит и пред почетокот на натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иглс беа подобри во првиот дел и имаа предност од 24:14, сепак тоа на крајот не беше доволно за да се радуваат на победата. По паузата на полувремето Чифс заиграа многу подобро во вториот дел и во последните секунди ја обебзедија победата.

Победата Чифс ја обезбедија на со филд-гол на само осум секунди до крајот.

Махоумс беше избран за МВП завршувајќи го мечот со 182 јарди додавања и три тач-дауна. За него ова е втора титула со Канзас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Капитенот Никола Ѓорѓиев има нов клуб, ќе игра во Чешка!

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, од денеска и официја…