Разочарувањето во Интер после елиминацијата во групната фаза е огромно.
Киксот против ПСВ не само што е фијаско од спортска страна, туку клубот остана и без сериозни финансиски средства. Кинеското семејство, Жанг кое владее во клубот е разочарано и некој ќе ја плати цената, а најверојатно тоа ќе биде тренерот Лучијано Спалети кој е етикиран како главен виновник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес Џузепе Марота и официјално ќе биде претставен како нов генерален директор во Интер и од сега тој ќе носи крупни одлуки како што се промена на тренерот. Поголемиот дел од италијанските медиуми пишуваат дека Марота нема да го менува Спалети до крајот на сезоната и дека тоа ќе се случи на лето.
Често како голема желба на Интер се споменуваше Чоло Симеоне, сепак таа опција се уште не е реална.
Она што е реално е дека Антонио Конте со Марота соработуваше во Јувентус и заедно освоија три „Скудета“, но тој замина поради конфликтот со Ањели и Недвед.
На крајот тука е и Мурињо. Секако, ако добие отказ во Манчестер Јунајтед. Португалецот е емотивно врзан за Интер со кој освои триплета, но не е познато дали има желба за работа во Италија кога Јувентус изгледа толку надмоќно.