Тренерот на Интер, Лучијано Спалети се надева дека неговиот тим ќе покаже желба да се покаже на највисоко ниво во утрешниот меч против Тотенхем во Лигата на шампиони.
Спалети напомена дека мечот со Тотенхем може да биде пресврт на сезоната и најдобар начин да се заборави поразот од Парма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Натпреварите во ЛШ се од огромно значење и можат да дадат огромен ентузијазам. Минуваме низ тежок период и овој меч е многу важен за нас, може да биде пресвртница на сезоната. Ова е турнир кој не би го заменил за ништо на светот. Знаеме што треба да направиме утре и се надевам дека моите момци ќе се покажат во вистинско светло“, изјави Спалети.
„Тотенхем е тим кој има техника, сила и брзина. Се уште не сум го одредил почетниот тим, но треба да излеземе со состав кој ќе има голем потенцијал. Икарди? Има проблеми пред голот поради ситуацијата во која што се наоѓа целиот тим, наскоро ќе почне да постигнува голови“, заклучи Спалети.
Che cos'è la @ChampionsLeague per Luciano Spalletti? pic.twitter.com/ZFWZxOmhCL
— La UEFA (@UEFAcom_it) September 17, 2018