Јужноамериканците веќе ги започнаа квалификациите за најголемото натпреварување, три години пред СП.
Почнаа толку рано поради специфичните квалификации на тој континент, кој е единствена квалификациска група или лига со 10 селекции.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Така што тамошните репрезентации играат дури 18 натпревари во борбата за Мундијалот или речиси двојно повеќе од европските.
Бранителот на титулата светски првак го доби и четвртиот натпревар. Со 2:0 славеше против Перу, а двата гола ги постигна Лионел Меси (36), кој на тој начин ги подобри рекордите по бројот на настапи (178) и головите (106) за Аргентина.
Но, тој постави уште еден рекорд. Со головите против Перу стигна до 31. гол во мундијалските квалификации.
Така го престигна својот голем пријател Луис Суарез и стана најдобар стрелец во историјата на јужноамериканските квалификации за Светското првенство.