Според аргентинските и италијанските медиуми, Жорге Сампаоли ги посетил тројцата аргентински напаѓачи во Италија.
Имено, како што се наведува Сампаоли во Торино разговарал со Игуаин и Дибала, додека во Милано, со Мауро Икарди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Информациите се дека Сампаоли три часа разговарал со напаѓачите на Јувентус и им ветил дека тие ќе бидат на списокот патници на Светското првенство. За Дибала
Сампаоли претходно изјави дека Дибала не се вклопува во неговата филозофија, а Лионел Меси порача дека тој и Дибала не можат да играат заедно, па ваквата вест секако е изненадување.
Ситуацијата со Икарди е поинаква. Се пишува дека Сампаоли на Икарди му покажал неколку видеозаписи од неговите движење обидувајќи се да му објасни дека зошто не се вклопува во неговите тактички замисли.
Наводно, единствена шанса Икарди да се најде на Мундијалот е Серхио Агуеро да не се опорави од повредата. Агуеро последен пат за Сити настапи во реваншот од ¼ финалето против Ливерпул.
Икарди во овој момент е втор стрелец во Серија А со 27 погодоци, повеќе погодоци од него има само Чиро Имобиле, 29. Дибала се наоѓа на третото место со 21 гол, додека Игуаин беше стрелец на 16.