Веселин Вујовиќ направи три измени во тимот на Вардар за денешниот натпревар против ПИК Сегед.
За разлика од првиот натпревар на гостински терен за денес ги нема Борко Ристовски, Стефан Атанасовски и Мартин Карапалевски, надвор од теренот и за овојх дуел остана Куни Моралес.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Добра вест е што се враќа Жереми Тото, а нови имиња за разлика од претходниот меч се Васил Гогов и Давид Савревски.
Вардар во Лигата на шампионите бара излез од кризата и црвено-црните во овој момент се во серија од четири порази (Монпеље, Алборг, Кил, ПИК Сегед). На табелата Вардар со пет бода е е шестопласиран.

Фото: Денис Дуковски/РК Вардар