Сопственикот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ратклиф вели дека Ерик тен Хаг е многу добар тренер, но истакна дека тој не одлучува за иднината на Холанѓанецот.
Британскиот милијардер доби директно прашање дали се уште има верба во Тен Хаг, кој ова лето го продолжи договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мислам дека не сакам да одговорам на прашањето. Можам само да речам дека ми се допаѓа Ерик. Мислам дека е многу добар тренер, но на крајот од денот јас не одлучувам за неговата иднина, тимот кој раководи со Манчестер Јунајтед ќе одлучи што е најдобро за клубот“.
„Нашата цел е да го вратиме Манчестер јунајтед на победнички патеки, на местото на кое припаѓа и јасно е дека се уште не сме таму, не чека уште многу работа“, истакна Ратклиф.