Дома Фудбал Англија Сопственикот на ПСЖ го купува Лидс, ќе му биде „газда“ на Алиоски

Сопственикот на ПСЖ го купува Лидс, ќе му биде „газда“ на Алиоски

Сопственикот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи е во напредни преговори да го купи англискиот второлигаш Лидс Јунајтед, каде настапува нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Катарските сопственици на ПСЖ сакаат да влезат во англискиот фудбал и го одбрале Лидс како идеален клуб, па започнале преговори за негово купување.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ал-Келаифи во Доха ќе се сретне со сопственикот на тимот Андреа Радричани и со менаџерот Марсело Биелса за потенцијално откупување на клубот. Радричани го откупи Лидс од својот италијански сонародник Масимо Челино во мај 2017 година.

„Катар спортс инвестментс“ се спремни да инвестираат многу во клубот, а првата цел секако ќе биде пласман во Премиер лигата уште следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голман Иранец ја критикуваше власта: му се губи секоја трага од апсењето

Од 24 февруари оваа година никој не знае ништо за поранешниот голман на фудбалската репрез…