Дома Фудбал Останато Сопственикот на Олимпијакос: Губете се! Не заслужувате ниту тоалетна хартија!

Сопственикот на Олимпијакос: Губете се! Не заслужувате ниту тоалетна хартија!

После најлошата сезона во последните 20 години, сопственикот на Олимпијакос Евангелос Марианкис ги изгуби нервите и најави целосен ремонт на тимот за наредната година.

Олимпијакос остана без титулата во грчкото првенство кој му ја препушти на АЕК, а не го освои ниту купот. За сезоната без трофеј да биде уште полоша, клубот од Пиреја после катастрофата после Гианина (0:3) заврши на третата позиција и нема да игра во квалификациите за Лигата на шампионите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Евангелос Марианакис навикна на трофеи и настап во Лигата на шампионите, а тоа му носеше и голема заработка, сега ќе биде приморан да го гледа Олимпијакос во квалификациите за Лига Европа.

Секако, ќе повлече и некои радикални потези, а грчката „Газета“ ги пренесува зборовите со кои тој им се обратил на фудбалерите и стручниот штаб.

„Не ми паѓа на памет да ве задржам во клубот. Не заслужувате да го носите дресот на Олимпијакос. Место да ви посакам среќен и убав одмор, можам да ви порачам само да се губите! Тоа се однесува на сите – и на играчите и на тренерите. Не заслужувате ниту тоалетна хартија. Меѓутоа, јас сум виновен ви дадов големи плати и сега ми е жал поради тоа“, биле зборовите со кои Мариниакис им се обратил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дали Вардар беше оштетен за пенал во дербито со Пелистер? (Видео)

Во Битола попладнево се игра дербито од македонското фудбалско првенство помеѓу Пелистер и…