Дома Фудбал Англија Сопругата на Ромеро го нападна Јунајтед, Реднап и одговори: Ќе биде среќна со 100.000 фунти неделно

Сопругата на Ромеро го нападна Јунајтед, Реднап и одговори: Ќе биде среќна со 100.000 фунти неделно

Серхио Ромеро остана во Манчестер Јунајтед откако во завршницата од преодниот рок му пропадна трансферот во Евертон.

Аргентинскиот голман не е среќен во Јунајтед во кој е пет години и за кој собра само седум настапи во Премиер лигата. По завршувањето на преодниот рок се огласи неговата сопруга, Елиана Гуересио.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Серхио напорно работеше за клубот. Последниот трофеј кој го освоија го освоија со него на голот. Минатата сезона го одведе тимот до полуфиналето во Лигата на Европа, а потоа го ставија на клупа и испаднаа. Сегаа имаа прилика да му се одолжат и да го пуштат да замине, не го заслужи ова“, разочарано коментираше сопругата на голманот.

За „Скај“ со интересен коментар нејзината лутина ја прокоментира Хари Реднап.

„Сигурен сум дека ќе биде среќна кога ќе добие 100.000 фунти неделно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Манчестер сити се случи тоа поради кое Гвардиола се закани дека ќе замине

„На Пеп Гвардиола не му треба посебно објаснување дека осум играчи не можат да заземат три…