Дома Фудбал Сопругата му го спасила животот на Ракитиќ

Сопругата му го спасила животот на Ракитиќ

Терористичкиот напад во Барселона во август оваа година однесе 13 жртви и повеќе од 100 луѓе беа повредени.

Меѓу жртвите многу лесно можел да се најде и ѕвездата на Барселона, Иван Ракитиќ. Хрватот со семејството тргнал кон местото каде што се случи нападот, но во последен час неговата жена Ракел го замолила да се вратат дома за децета да се забавуваат во паркот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Ракитиќ за шпанските медиуми раскажа што точно се случило тој ден.

„Бевме во центарот со семејството и се спремавме да одиме на местото каде што се случи нападот. Јас инсистирав да одиме таму, но сопругата ме замоли да се вратиме дома за децата да си играат во паркот пред нашата куќа“, раскажува Ракитиќ.

„Му благодарам на Бог што ја послушав Не делеја само неколку минути да одиме таму, а кога слушнавме за нападот, многу пријатели и роднини ми се јавија да ме прашаат дали сме добро“, открива Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го украде шоуто: Лотар Матеус на церемонијата за „Златната топка“ се појави со 38 години помлада девојка

Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус (64), познат по своите пет бракови, на …